Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФЕРО ИНВЕСТ и WHES на Intersolar Europe 2026: Успешниот батериски проект бара врвна технологија и искусен инженерски партнер

    ФЕРО ИНВЕСТ и WHES на Intersolar Europe 2026: Успешниот батериски проект бара врвна технологија и искусен инженерски партнер

    04.07.2026 во 10:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Инженерскиот тим на ФЕРО ИНВЕСТ, ексклузивен партнер на WHES Energy Storage Systems за Македонија, присуствуваше на Intersolar Europe 2026 во Минхен – најголемиот европски саем за соларна енергија, батериски системи и паметни енергетски решенија.

    Во текот на саемот, инженерите на ФЕРО ИНВЕСТ беа присутни на штандот на WHES и им беа на располагање на потенцијалните инвеститори од Македонија за технички информации и консултации околу современите BESS (Battery Energy Storage System) решенија. Меѓу новитетите беше и новата генерација батериски системи PC-G3, развиена за сигурно и флексибилно складирање и управување со електрична енергија.

    Системот поддржува работа со електроенергетската мрежа, целосно независно или во комбиниран режим и е наменет за комерцијални и индустриски корисници. Како ексклузивен застапник на WHES за Македонија, ФЕРО ИНВЕСТ нуди комплетна услуга „клуч на рака“ – анализа и димензионирање на системот, проектирање, испорака, монтажа, интеграција, пуштање во работа, како и оптимизација и секојдневно управување, со цел инвеститорите да го добијат максималниот економски ефект од својата инвестиција.

    Од компанијата велат дека искуството покажува оти успехот на еден батериски проект зависи и од квалитетот на технологијата, но и од правилното инженерско решение и стручната реализација.

    „Кога инвестирате во батериски систем, не купувате само батерија, туку избирате партнер кој ќе биде одговорен за нејзиното проектирање, интеграција, управување и сигурна работа во следните 15 години. Батерискиот систем е сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, да се интегрира со електраната и електроенергетската мрежа, да се усогласи со сите технички и законски барања, а потоа и секојдневно да се управува со неговото работење. Затоа изборот на компанијата што ќе го реализира проектот е исто толку важен како и изборот на самиот батериски систем“, потенцираат од ФЕРО ИНВЕСТ.

    Компанијата досега учествуваше во реализација на проекти со вкупен капацитет од над 250 MWh, додека дополнителни околу 70 MWh се во фаза на изведба. Воедно, ФЕРО ИНВЕСТ го реализираше и првиот лиценциран батериски систем во Македонија, кој веќе е во редовна комерцијална експлоатација.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.