Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ферати-Вал: Фокус на дијалогот меѓу заедниците и спречувањето на насилството

    Ферати-Вал: Фокус на дијалогот меѓу заедниците и спречувањето на насилството

    17.09.2026 во 15:381 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати денеска оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал.

    На почетокот на средбата, како што соопшти Министерството, министерот Ферати му се заблагодари на амбасадорот Вал за поддршката што ОБСЕ ќе му ја обезбеди на Министерството, со пет тематски експерти и еден водечки експерт, со цел да се даде поддршка во изработката на Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија.

    На средбата било разговарано за значењето на унапредувањето на соработката меѓу заедниците и зајакнувањето на социјалната кохезија, со посебен акцент на младите и политиките за спречување на насилството меѓу врсниците.

    Министерот Ферати го претставил концептот „25 и понатаму“, нагласувајќи ја важноста од вклучувањето на локалната самоуправа и младинските центри, со цел да се обезбеди учество на сите заедници во процесот на креирање долгорочни и развојни политики.

    -Како други приоритети беа истакнати и образованието, економијата, граѓанското општество и стартапите. Двете страни се согласија за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Министерството и ОБСЕ, како и за конкретна поддршка во приоритетните области. Двајцата соговорници ја истакнаа потребата од конкретно дејствување во насока на градење доверба меѓу сите заедници – се додава во соопштението.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.