Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ферати: Односите Албанија – Македонија, клуч за унапредување на соживотот и соработката

    Ферати: Односите Албанија – Македонија, клуч за унапредување на соживотот и соработката

    09.10.2026 во 18:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, за време на посетата на Тирана се сретна со претседателот на Собранието на Република Албанија, Нико Пелеши, со кого разговараше за унапредувањето на односите меѓу двете земји, институционалната соработка и прашањата поврзани со заедниците и општествената кохезија.

    Ферати истакна дека поповрзан, посоработлив и поевропски регион се гради преку директен дијалог, размена на искуства и конкретни партнерства.

    „Унапредувањето на односите меѓу двете земји на ново ниво е предуслов за уште поефикасно функционирање на Охридскиот договор“, беше пораката што министерот Ферати му ја пренесе на претседателот на Собранието на Албанија, Нико Пелеши, за време на нивната средба во Тирана.

    Во текот на разговорот, тие дискутираа и за важноста од негувањето на добрите односи меѓу двете земји и за потребата од конкретна институционална соработка, особено во прашањата поврзани со заедниците, животниот стандард, инклузијата и зајакнувањето на општествената кохезија.

    Министерот Ферати изрази благодарност за гостопримството и за отворениот и содржаен разговор, кој се одржа во период кога Собранието на Албанија расправаше и за законот за територијалната реформа на општините во Албанија.

    Во рамките на Балканскиот бизнис-форум, Ферати се сретна и со Јорида Табаку, една од водечките фигури на Демократската партија на Албанија, која ја опиша како личност која ужива голема почит кај меѓународните партнери.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.