Фаучи: Светот ќе се врати во нормала до крајот на 2021 година

Угледниот инфектолог Ентони Фаучи, директор на Американскиот национален институт за алергии и болести, денеска изјави дека враќање на нормалниот живот може да се очекува кон крајот на 2021 година.

 

Фаучи, кој онлајн учествуваше на конференцијата „Граници, Фестивал на здравје” организирана во Рим, потенцира дека дотогаш е неопходно стриктно почитување на пропишаните мерки како што се заштитна маска, физичка дистанца, избегнување собири и повеќе престојување на отворено.

Според него, до крајот на оваа година е можно да се очекува ефикасна вакцина, мнозинството од светската популација може да се вакцинира во текот на следната година, но не и целата популација, како што е случајот со вакцината за сипаници.

– Доволно е да се вакцинираат 75 отсто од светската популација за да се запре ширењето на вирусот, потенцираше Фаучи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега