Вчера во 16:00 часот во атар на село Рлевци, велешко, полициски службеници од Полициското одделение Чашка ги лишија од слобода Е.Б.(46) од село Горно Оризари, велешко и С.С.(29) од село Клуковец, велешко.
Имено, при преглед во патничко возило „муцубиши“ со австриски национални ознаки, управувано од Е.Б., а сопатник бил С.С., пронајдени и одземени се две ловечки пушки – карабин, 59 куршуми со различен калибар, две дозволи за поседување и носење на оружје, три ловечки ножеви со футроли, секира, две празни рамки и други предмети.
Од извршените проверки констатирано е дека лицата не поседувале дневна дозвола за лов. Е.Б. и С.С. се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Приведена велешанка, физички го нападнала својот 70-годишен татко
- Спречена поголема штета во Велес: Пожарникарите спасија куќа од целосно изгорување
- Петта жртва од западнонилска треска во Македонија: Почина пациент од Скопје
- Приведени тројца тинејџери од Скопје и Струга – полицијата им пронајде дрога
- Пеколни температури во Македонија: Во Гевгелија измерени над 40 степени
- Семејна драма во Беровско: Тинејџер ја нападнал бабата и му го искршил домот
- Пијан скопјанец предизвикал сообраќајка, поминал на црвено и бегал од полицијата — кога го фатиле нападнал полицајци
- Млада снаа заврши со лисици на рацете, ја натепала свекрвата – драма во Тетово


