Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Евровизија 2026: Важат нови правила за гласање – еве што се менува кај жирито и кај публиката

    Евровизија 2026: Важат нови правила за гласање – еве што се менува кај жирито и кај публиката

    11.05.2026 во 21:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Утре, 12 мај, започнува првото полуфинале на Изборот за песна на Евровизија 2026, каде 15 натпреварувачи ќе се борат за влез во големото финале. Годинава, Европската дифузна унија воведе значајни измени во начинот на гласање кои директно влијаат врз крајниот резултат.

    Една од клучните промени е зголемувањето на бројот на членови на националното жири од 5 на 7. Покрај ова, воведено е правило барем двајца членови да бидат на возраст од 18 до 25 години. Прифатливи занимања за жирито остануваат музички новинари, критичари, професори и креативни професионалци како кореографи и режисери.

    Сите членови на жирито мора да потпишат документ за непристрасност. „Членовите на жирито мора да потпишат документ со кој потврдуваат дека ќе гласаат непристрасно и дека нема да се договараат со други членови на жирито, како и дека нема да споделуваат информации на социјалните мрежи“, се наведува во новите правила.

    Промени има и за публиката. Од оваа година, со цел да се спречат малверзации, од еден телефонски број или една банкарска картичка може да се гласа максимално 10 пати, наместо досегашните 20.

    Вечерва во 21 часот се одржува генералната проба, каде стручното жири веќе ќе ги додели своите поени врз основа на настапите, што ќе има директно влијание врз финалниот пласман на учесниците.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ќерката на Цеца го покажа синчето – „Бесоните ноќи се тешки, но и посебни”

    06.10.2026 во 09:06

    Денес ништо нема да биде случајно: Хороскоп за 6 октомври

    06.10.2026 во 08:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.