Потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски, заедно со пратеничките Жаклина Пешевска и Соња Мираковска, претставнички во Мешовитиот парламентарен комитет, се сретнаа со делегација на студенти на постдипломски студии од Колеџот на Европа – кампус Тирана, од Одделот за европска
трансформација и интеграција.
Потпретседателот Милошоски им посака добредојде на студентите и ги запозна со работата
и надлежностите на Собранието и на Комисијата за европски прашања. Пратеничките
Пешевска и Мираковска се осврнаа на работата и улогата на Мешовитиот парламентарен
комитет.
Во продолжение на средбата, студентите имаа можност да постават прашања и да
разменат мислења со соговорниците.
Во фокусот на разговорот беа прашањата поврзани со правата на жените и нивното учество
во политичкиот живот, родово базираното насилство, правото на абортус и фемицидот.
Разговарано беше и за јавните и надзорните расправи, како и за начинот на кој овие
механизми се регулирани во македонското законодавство.

