Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Европската Унија ја потврди успешната реализација на дигиталните реформи во Македонија

    Европската Унија ја потврди успешната реализација на дигиталните реформи во Македонија

    18.10.2025 во 12:442 Mins Read
    ФОТО: Facebook/Стефан Андоновски
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за дигитална трансформација ја поздравува одлуката на Европската комисија за одобрување на второто ослободување средства за Република Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, во вкупен износ од 16 милиони евра.

    Европската комисија во рамките на сопствената техничка процена оцени дека четири реформи се успешно реализирани, од кои три се во областа на дигиталната трансформација, што претставува значајно признание за реформските процеси предводени од Министерството за дигитална трансформација.

    Овие активности опфаќаат:

    • Усвојување на Законот за безбедност на мрежи и информациски системи, целосно усогласен со европската директива за сајбер-безбедност (NIS2);
    • Усвојување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, со кој се воведува европскиот модел на дигитален идентитет;
    • Донесување на Законот за архивски материјал, со кој се воспоставува правна рамка за електронско архивирање во јавната администрација.

    „Оваа одлука претставува конкретна потврда дека европските институции ја препознаваат и поддржуваат нашата работа во насока на создавање безбедна, поврзана и модерна дигитална држава. Реализираните закони поставуваат темели за долгорочна трансформација на јавната администрација и создавање подобри, побрзи и посигурни услуги за граѓаните,“ изјави Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

    Од вкупниот износ, 7,4 милиони евра се исплаќаат директно во државниот буџет, додека преостанатите средства се наменети за инфраструктурни проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

    Министерството за дигитална трансформација ќе продолжи со реализација на останатите реформски активности утврдени во рамките на Инструментот за реформи и раст, со цел целосно усогласување на националните политики со европската дигитална агенда и рамката на Дигиталната декада 2030.

    Прочитај повеќе

    Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар

    20.09.2026 во 15:42

    Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес

    20.09.2026 во 14:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.