Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Европратеничката Јовева: Брисел не е фер – Македонија има напредок

    Европратеничката Јовева: Брисел не е фер – Македонија има напредок

    06.11.2025 во 10:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Словенечката европратеничка со македонско потекло, Ирена Јовева, во изјава за МИА оцени дека не е фер Северна Македонија да се става во ист контекст со Србија и Босна и Херцеговина кога се зборува за напредокот на земјите од регионот на европскиот пат.

    – Морам да кажам дека Црна Гора и Албанија, а особено Црна Гора, се најнапредни во однос на реформите и напредокот. Но, не би сакала да испадне дека ја критикувам еврокомесарката Марта Кос или Европската комисија, само мислам дека не е фер Северна Македонија да биде ставена во истиот кош со Србија, па дури и со Босна и Херцеговина, изјави Јовева, која е дел од либералната група „Да ја обновиме Европа“.

    Таа нагласи дека таквата оценка е премногу општа и не ја одразува реалната состојба во земјата.

    – Не може да се каже дека Северна Македонија не напредувала. Напротив, има напредок, иако не во иста мера како Црна Гора, но сепак заслужува да се признае дека се движи напред, рече Јовева.

    Според неа, ако Извештајот на Европската комисија за 2025 година се чита внимателно, се гледа дека земјата бележи реални резултати и дека тоа треба јасно да се потенцира.

    – Мислам дека таквиот наратив не е ниту правилен ниту фер, особено од страна на Европската комисија. Северна Македонија напредува и е на добар пат кон Европската Унија, истакна словенечката европратеничка.

    Јовева одби да се согласи со тврдењата дека Унијата нема волја да ја прими Северна Македонија и дека само го користи спорот со Бугарија како изговор.

    – Како некој што има добар увид во процесите, можам да кажам дека таквите проценки не се точни. Моментумот постои, а реалноста е дека Северна Македонија има направено напредок. Прашањето не е дали ЕУ сака или не сака, туку кога ќе се финализира процесот, нагласи таа.

    Јовева потсети дека спорот со Бугарија е билатерален и тоа јасно е нагласено и од Европскиот парламент и од Европската комисија.

    – Како што не е фер Северна Македонија да се споредува со Србија во контекст на европскиот напредок, така не е фер ни да се користи регионалната ситуација за собирање евтини политички поени. Северна Македонија е држава што заслужува членство во Европската Унија и верувам дека ќе стигне до таму – само треба да продолжи со реформите, порача Јовева.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.