Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » На татко ми скоро 20 години телефонот му ѕвони со твојата „Евергрин“ – Естрадата и јавноста се збогуваат со Владо Јаневски

    На татко ми скоро 20 години телефонот му ѕвони со твојата „Евергрин“ – Естрадата и јавноста се збогуваат со Владо Јаневски

    28.06.2026 во 23:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бројни јавни личности од политичкиот, општествениот и естрадниот живот преку социјалните мрежи продолжуваат да изразуваат сочувство и со голема тага се збогуваат со кантавторот Владо Јаневски.

    Меѓу нив се огласи вицепремиерот и министер Александар Николоски, кој истакна дека со неговите песни пораснале цели генерации.

    „Замина Владо Јаневски… Пораснавме со неговите песни, незаборавни моменти од една убава младост… Имав чест да го познавам и навистина беше уметник од светска класа, господин каков ретко се гледа. Почивај во мир Владо“, напиша Николоски.

    Со куса порака се јави и неговата долгогодишна колешка, поп-ѕвездата Каролина Гочева, споделувајќи ја својата омилена композиција од него.

    „Владе мој, Збогум со мојата најомилена песна од тебе… и никогаш нема да заборавам“, порача Гочева.

    Поетот и писател Дарко Лешоски се присети на урбаните легенди поврзани со пејачот од деведесеттите години, нагласувајќи го неговото големо музичко наследство.

    „Би сакал да верувам дека е пак “рекла казала” од ʼ90 -ти, кога имаше сида во Русија, па само да се појавиш од нигде никаде на МТВ како промовираш нов албум… Твоите липи ко плин и твојот Џубокс се дел и од мојот живот. Како и на илјадници. А од такво наследство – нема ништо поскапо… Ништо! Почивај во мир!“, истакна Лешоски.

    Во јавните простувања се приклучи и Богдан Илиевски, кој потенцираше дека значењето на Јаневски за сцената е општо познато.

    „Збогум Владо. Беше значаен дел /и/ од… мојот живот. Што да пишувам „од македонската музичка сцена“, кога тоа сите го знаат. Има нешто посилно од се. Почивај во мир“, напиша Илиевски.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.