Две лица загинаа во експлозија во воен објект во регионот Ленинград во Русија, објави каналот Телеграм Маш, а објави Ројтерс.

Експлозијата се случила во близина на Санкт Петербург, во зграда на воената полиција која се наоѓа во градот Сертолов.

„Им наредив на безбедносните сили да ѝ помогнат на војската во расчистувањето на урнатините и спасувањето на повредените при уривањето на зградата на воената полиција на територијата на воената единица во Сертолов“, изјави гувернерот Александар Дрозденко.

Засега не е познато како се случила експлозијата.

На социјалните мрежи кружат фотографии на кои наводно се гледа уништената зграда на воената полиција.

Според извештаите, вториот и третиот кат од зградата се урнале, а се стравува дека има луѓе заробени под урнатините.

Exit mobile version