Close Menu
    Најново

    Хаос пред Нова година: Патот Струга – Ќафасан блокиран повеќе од 24 часа, превртена цистерна го запре сообраќајот

    31.12.2025 во 16:04

    Фон дер Лајен: Шпанија стана економска сила, а Португалија пионер во иновации – 40 години од проширувањето кон југот

    31.12.2025 во 15:55

    Седум лица повредени во судир кај Желино: Меѓу настраданите и две мали дечиња, возачот на „БМВ“-то со тешки повреди

    31.12.2025 во 15:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Хаос пред Нова година: Патот Струга – Ќафасан блокиран повеќе од 24 часа, превртена цистерна го запре сообраќајот
    • Фон дер Лајен: Шпанија стана економска сила, а Португалија пионер во иновации – 40 години од проширувањето кон југот
    • Седум лица повредени во судир кај Желино: Меѓу настраданите и две мали дечиња, возачот на „БМВ“-то со тешки повреди
    • Историска исправка на „Св. Апостол Павле“: Аеродромот доби имотен лист по 60 години функционирање без документи
    • Со една лиценца покривале 16 клубови: Кривична пријава за фирма од Кадино и нејзиниот управител
    • Трагедија во гостиварско: 69-годишник го загуби животот при превртување на трактор
    • Димитриеска-Кочоска: Новата 2026 година ја пречекуваме со стабилизирани јавни финансии и поголема економска сигурност
    • Обвинение за „испумпани“ 22 милиони евра од буџетот преку фиктивни згради и станови
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Експертите предупредуваат: На Македонија ќе и требаат 57 години да постигне родова еднаквост

    Експертите предупредуваат: На Македонија ќе и требаат 57 години да постигне родова еднаквост

    27.10.2025 во 17:32
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Жените во Македонија се уште се гледаат како некој што треба да се грижи за семејството, а мажите како некој што треба да заработува. Предрасудите и стереотипите доминираат, а со сегашното темпо на „затворање“ на актуелниот родов јаз, на државава ќе и требаат 57 години за да постигне родова еднаквост, беше речено на денешната тркалезната маса „Унапредување на родовата еднаквост во лидерството и управувањето“ што се одржа во Стопанската комора. 

    Како што истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божниновска, моментно во македонската Влада има три жени, пет жени се заменички-министри, а земјава има жена претседател на државата, а имаше и жена гуверне

    Во Северна Македонија преземаме конкретни чекори за усогласување со Директивата на ЕУ за жени во управните одбори и за зајакнување на улогата на жените во процесот на донесување одлуки во јавните институции и државните претпријатија. Сепак, исто така признаваме дека трансформацијата бара повеќе од регулатива – бара застапеност, менторство и храброст, рече  Божниновска. 

    Ова, дополни, е дискусија за моќта – кој ја држи, како се споделува и како градиме системи каде што жените не се исклучок, туку правило во лидерството.

    -Како амбасадор на Алијансата на жени во управните одбори за Северна Македонија, длабоко верувам дека родовата еднаквост не е само прашање на праведност, туку е прашање на напредок. Податоците се јасни: компаниите со разновидно лидерство работат подобро, иновираат повеќе и градат посилна доверба со своите заедници. Но, исто така знаеме дека законите и политиките сами по себе не можат да ја променат културата. Потребна е посветеност – од владите, бизнисите и од секој од нас – за да се отворат вратите што беа затворени предолго, рече Божиновска.  

    Министерката напомена дека поддршката е многу важна. Жените треба да добијат шанса, а професионализмот, компетентноста и квалитетот се од суштинско значење.

    -Премногу често, жените никогаш не добиваат можност да докажат дека ги поседуваат. Тоа што сум на лидерска позиција ми дава привилегија и одговорност отворено да зборувам за ова и да влијаам на промените. Силно се залагам повеќе жени да добијат можност да водат, да управуваат и да покажат што се способни. Ако мене ме прашувате, бројките сè уште не се доволно добри. Во нашата Влада, моментално има само три жени министерки. Во одборите на енергетските компании, бројот на жени останува многу мал. Сепак, со гордост можам да кажам дека почнавме да го менуваме ова одвнатре. Министерството за енергетика, рударство и минерални ресурси кое го водам, ​​денес е Министерството со најголема рамнотежа во однос на половите во Владата. Вработуваме повеќе жени отколку мажи, од кои многумина се на високи и менаџерски позиции, подвлече Божиновска.

    Како што беше речено на тркалезната маса, Директивата на ЕУ за жени во управни одбори предвидува две јасни патеки на усогласеност за котираните компании: најмалку 40 отсто од местата на неизвршните директори или 33 проценти од сите позиции во одборите да им припаѓаат на помалку застапениот пол до 30 јуни 2026 година, со задолжително годишно известување, корективни мерки и, каде што е потребно, санкции како парични казни или поништување на именувања што не се во согласност со регулативата.

    Популарно

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24

    МВР со полни раце работа пред Нова година: Фатен „рекордер“ со 3,04 промили на експресен пат

    31.12.2025 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.