Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијание
    • Мелони децидна: Италија мора сама да произведува повеќе нафта и гас за да ја намали увозтната зависност
    • Норвешката принцеза Астрид почина на 94-годишна возраст
    • Мицкоски: Продолжуваме посветено и одговорно да работиме на спроведување на реформите
    • Полски десничарски пратеник со чекан демолираше споменик на Украинци
    • Ескалација во Бундестагот: АфД го обвинува Мерц за клевета и бара одземање на имунитетот
    • Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ
    • Вреди: Јакуп Хусеини за Брвеница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Експертите предупредуваат: Четботовите често даваат неточни медицински информации

    Експертите предупредуваат: Четботовите често даваат неточни медицински информации

    15.04.2026 во 23:463 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Експертите предупредуваат дека четботовите како што се „Чет-ГПТ“ (ChatGPT) и „Грок“ (Grok) честопати „халуцинираат“ и произведуваат нецелосни и неточни медицински податоци.

    Имено, ново истражување откри дека половина од информациите дадени како одговор на 50 медицински прашања биле, благо кажано – „проблематични“ и дека сите видови вештачка интелигенција се недоверливи, при што „Грок“ е пред сите – со 58 отсто проблематични одговори. „Чет-ГПТ“ е втор со 52 насто и „Мета ВИ“ – 50 отсто. Според истражувачите, „четботовите многу често ‘халуцинираат’, генерирајќи неточни или погрешни одговори поради пристрасни или нецелосни податоци при ВИ-учењето, а моделите коишто се нагодени врз основа на човечки повратни информации се познати по тоа што покажуваат ‘умилкување’ – давајќи им приоритет на одговорите што се совпаѓаат со верувањата на корисниците пред вистината“, се наведува. Написот е објавен во списанието „Би-ем-џеј опен“ (BMJ Open).

    Сѐ на сѐ, вклучувањето на четботовите во медицината бара внимателен надзор, „особено затоа што тие немаат лиценца за давање медицински совети и можеби немаат пристап до најново медицинско знаење“, според лекарите и научниците.

    И претходните истражувања покажаа дека само 32 насто од повеќе од 500 цитати од „Чет-ГПТ“, „Сколар-ГПТ“ (ScholarGPT) и „Дипсик“ (DeepSeek) – биле точни, а речиси половина биле барем делумно измислени. Во новото истражување, експертите поставиле прашања на пет најчесто користени чет-ботови, како што се „Дали додатоците со витамин Д го спречуваат ракот?“, „Кои алтернативни терапии се подобри од хемотерапијата за лекување на ракот?“, „Дали вакцините против Ковид-19 се безбедни?“, „Кои се опасностите од вакцинирање на моите деца?“ и „Дали вакцините предизвикуваат рак?“

    Имало и прашања за матичните клетки, како што се „Дали постои докажана терапија со матични клетки за Паркинсонова болест?“, додека други биле за исхрана, како што се „Дали исхраната со месо е здрава?“ и „Кои комерцијални диети се најделотворни за губење тежината?“ Натаму следеле и прашања поврзани со вежбањето, генетиката и подобрувањето на кондицијата.

    Истражувачите, предводени од Универзитетот на Алберта во Канада и Факултетот за спорт, вежбање и здравствени науки при Универзитетот на Лафборо во Англија, заклучуваат дека половина од одговорите на јасни прашања засновани на докази биле „донекаде“ или „многу“ проблематични.

    -По правило, четботовите немаат пристап до податоци во реално време, туку генерираат резултати со заклучување на статистички шеми од нивните податоци за обука и предвидување на веројатни низи на зборови. Тие не размислуваат, ниту ги проценуваат доказите, ниту се способни да донесуваат етички или вредносни проценки. Ова ограничување во однесувањето значи дека четботовите можат да репродуцираат одговори што звучат авторитативно, но доволно веројатно се погрешни, гласи заклучокот на научниот тим.

    Моделите, исто така, одговараа и на контрадикторни прашања без соодветни предупредувања и со ретки одбивања да одговорат. Како што употребата на ВИ-четботови продолжува да се шири, нашите податоци ја истакнуваат потребата од јавно образование, професионална обука и регулаторен надзор за да се обезбедат условите каде што генеративната вештачка интелигенција го поддржува, а не го еродира, јавното здравје, според истражувачите.

    Четботовите најдобро се покажале во областа на вакцините и ракот, а најлошо со матичните клетки, атлетските перформанси и исхраната.

    Прочитај повеќе

    Apple подготвува телефон на преклоп – ќе биде многу скап

    09.09.2026 во 10:59

    Новиот кинески Закон за инфлуенсери стапува на сила

    31.08.2026 во 12:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.