Close Menu
Press24
    Најново

    Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане

    07.07.2026 во 14:19

    Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Аеродром

    07.07.2026 во 14:01

    Камбовски: Правилникот за надосместоците на судиите-поротници е стар повеке од 15 години

    07.07.2026 во 13:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Аеродром
    • Камбовски: Правилникот за надосместоците на судиите-поротници е стар повеке од 15 години
    • Стојаноски: Ќе прифатиме се што ќе договорат опозициските партии, ако биде прифатен нашиот став – дијаспората да може да гласа
    • Економија: Дел од поскапувањето не се должи на реални трошоци, туку на напумпување цени
    • По подолго време пад на трошоците на живот
    • ВМРО-ДПМНЕ се прости со Јовица Илиевски
    • Top Employers Institute: Групацијата BALFIN се здоби со сертификатот Top Employer 2026
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Експерти и општини на форум во Берово за управување со биоотпад

    Експерти и општини на форум во Берово за управување со биоотпад

    06.07.2026 во 08:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Берово денеска ќе се одржи Регионален форум на Источниот плански регион посветен на одржливото управување со биоотпадот. Настанот го организира Здружението за еколошко одржлив развој „Зелен институт“, во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми.

    Форумот е дел од проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“, кој се спроведува во рамки на програмата „Цивика мобилитас“, поддржана од Владата на Швајцарија.

    Целта на проектот е да се поддржи транзицијата кон системи со „нула отпад“, преку подобрување на управувањето со биоотпадот, намалување на загадувањето и ризиците од пожари, како и унапредување на циркуларната економија и ефикасноста на јавните комунални претпријатија.

    На отворањето поздравни обраќања ќе имаат градоначалникот на Берово Петар Ружински и Зорица Стрезоска од Секторот за Европска Унија при Министерството за животна средина и просторно планирање. Настанот ќе го модерира Лилјана Поповска, а презентации ќе одржат експертите Катарина Георгиевска и Аријан Тоска.

    На форумот се поканети градоначалници, директори на јавни комунални претпријатија и претставници од сите 11 општини во Источниот плански регион, како и институции, стопански субјекти, земјоделски и шумски стопанства, стопански комори и медиуми.

    Во рамки на настанот ќе биде презентирано истражување за управување со биоотпад, кое содржи анализи и предлози за технолошки, финансиски и институционални модели. По дискусиите со учесниците ќе се дефинираат најсоодветни решенија, кои ќе послужат како основа за изработка на пред-физибилити студија.

    Организаторите посочуваат дека студијата ќе им помогне на општините во идентификување на можни извори на финансирање и модели за практична примена на системи за управување со биоотпад.

    Анализата опфаќа количини и состав на биоотпад од домаќинства, индустрија, земјоделство и шумарство, како и можни технологии за негов третман преку децентрализирани и централизирани решенија, финансиски аспекти и институционални модели на соработка меѓу општините и приватниот сектор.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане

    07.07.2026 во 14:19

    Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Аеродром

    07.07.2026 во 14:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.