Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Експерти и институции ќе дебатираат во Скопје – Како од диплома до работа

    Експерти и институции ќе дебатираат во Скопје – Како од диплома до работа

    23.06.2026 во 08:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје денес ќе се одржи панел-дискусија на тема „Од диплома до вработување – како високото образование да одговори на барањата на економијата“.

    Настанот го организира Балканскиот институт за регионална соработка во партнерство со Форумот за разумни политики и Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје. Панелот се реализира во рамките на проектот „Застапување за инклузивен развој“, кој е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

    Свои обраќања ќе имаат заменик-министерот за образование и наука Дритон Сулејмани, Марјан Бојаџиев од Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје и потпретседател на Стопанската комора на Македонија, проф. д-р Блерта Абази Чауши, декан на Факултетот за бизнис и економија при УЈИЕ, како и Марија Башеска од „Finance Think“. Воведните излагања ќе ги одржат Гордан Георгиев од Форумот за разумни политики и Џелал Незири од Балканскиот институт за регионална соработка.

    Според организаторите, настанот ќе собере претставници од академската заедница, бизнис-секторот, институциите и граѓанските организации со цел да се отвори дискусија за подобро усогласување на високото образование со потребите на пазарот на трудот и економскиот развој.

    Тие посочуваат дека темата е особено значајна во услови кога се наметнува потребата образовните политики поефикасно да одговорат на барањата на стопанството и работниот пазар во земјава. По воведните презентации ќе следуваат панел-дискусија и дебата со учесниците и присутната публика.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    17.09.2026 во 21:03

    Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

    17.09.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.