Екслозија во подземна гаража во Швајцарија, има загинати и повеќе повредени

Синоќа одекнале силни експлозии во подземна гаража во Швајцарија.

Две лица загинаа, а 11 се повредени во неколку експлозии и пожари на подземен паркинг на солитер во швајцарскиот град Нусбаумен во Аргау, соопшти кантоналната полиција.

Во полиција синоќа околу 19 часот биле пријавени неколку експлозии, а пожарот кој до доаѓањето на пожарникарите се проширил на првиот кат бил изгаснат до 23 часот, јавува „Свис инфо“.

Жителите на солитерите биле евакуирани и засега не им било дозволено да се вратат во становите, а локалните власти итно им обезбедиле живеалишта.

Во акцијата за гаснење биле вклучени три хеликоптери.

14.06.2024 - 15:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега