Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС, кои не однесоа ниту едно шише вода во Гостивар, заедно со Лимани се дел од локалната власт и имаат заедничка одговорност
    • Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
    • Граната од Првата светска војна пронајдена во рудник „Суводол“
    • Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира
    • Почнаа уписите на УКИМ
    • Малолетник падна в рацете на полицијата – го фатија со марихуана
    • Орхан Муртезани: Ја продолжувам јавната служба како амбасадор во НАТО
    • Во Франција најавуваат користење ВИ за тестирање кибер безбедност на државните агенции
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЕК одобри 65,7 милиони евра за Македонија преку Планот за раст

    ЕК одобри 65,7 милиони евра за Македонија преку Планот за раст

    20.05.2026 во 15:511 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската комисија ја одобри новата транша во износ од 65,7 милиони евра за Република Северна Македонија во рамките на Планот за раст за Западен Балкан и Механизмот за реформи и раст.

    Како што соопшти Министерството за европски прашања, оваа поддршка претставува силна потврда дека државата успешно ги спроведува реформите и ги реализира клучните приоритети во областа на дигитализацијата, образованието и институционалниот развој, во согласност со европските стандарди.

    Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја поздрави одлуката на Европската комисија, истакнувајќи дека ова претставува важен сигнал на доверба и признание за реформската агенда на државата.

    „Европската интеграција повеќе не е само политичка аспирација. Денес таа се претвора во конкретни инвестиции, поддршка и реални можности за нашите граѓани“, изјави министерот Сали.

    Од министерството нагласуваат дека овие одобрени средства претставуваат дополнителен поттик за продолжување на реформите, зајакнување на институциите и забрзување на европскиот пат на државата.

    „Министерството за европски прашања останува целосно посветено на ефикасната координација на реформските процеси и обезбедување европската поддршка директно да се преточи во подобар животен стандард и повеќе можности за граѓаните“, се посочува во соопштението од Министерството за европски прашања.

    Прочитај повеќе

    Нови фабрики и инвестиции: Во Македонија се отвораат илјадници работни места

    18.08.2026 во 10:03

    Цената на нафтата скокна

    18.08.2026 во 09:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.