Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од 1 септември промени во правилата за паркинг на аеродромот во Скопје
    • Нафтата поевтинува, растат надежите за Ормускиот Теснец
    • Постојано се вљубуваат во погрешни – три хороскопски знаци не учат од лошите искуства
    • Три часа 23 луѓе виселе заглавени на рингишпил во Хамбург
    • ТОП10 најбогати пратеници во Македонија – двајца се веќе милионери
    • Утре одиме во портокалова фаза: Уште еден пеколен ден – попладне може и да заврне
    • Зимата ќе биде студена: Европа се најниски резерви на гас во последните 13 години
    • Скопје и Белград утре го потпишуваат договорот за гасовод
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЕИБ: Недостигаат геолошки истражувања за нови европски рудници – Иловица покажува што веќе е истражено во Македонија

    ЕИБ: Недостигаат геолошки истражувања за нови европски рудници – Иловица покажува што веќе е истражено во Македонија

    13.08.2026 во 12:453 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската инвестициска банка алармира дека Европа располага со значаен минерален потенцијал, но нема доволно геолошки истражувања и подготвени проекти кои можат да преминат кон реализација на нови рудници.

    Во техничкиот извештај „Предизвици и решенија за истражувањето на минерали во Европа“, ЕИБ оценува дека повеќедеценискиот недостиг од инвестиции во геолошките истражувања оставил значителен дел од европскиот минерален потенцијал неискористен.

    Затоа Банката ги повикува земјите-членки да го забрзаат истражувањето на сопствените ресурси и да развиваат нови рударски проекти, следејќи ги примерите на Финска и Шведска.
    Македонија, од друга страна, веќе има потврдени минерални потенцијали. Еден од нив
    е бакарното наоѓалиште во Иловица.

    Европскиот повик повторно го отвора прашањето за домашниот минерален потенцијал и за потребата од негово соодветно истражување, планирање и, каде што се исполнети сите услови, претворање во реални инвестиции.

    „Оваа студија покажува дека Европа има значаен сопствен минерален потенцијал, кој би можел да игра многу поголема улога во зајакнувањето на нашата безбедност при снабдувањето. Предизвикот е да се создадат услови што ќе овозможат овој потенцијал да биде откриен и развиван одговорно. Тоа значи подобри геолошки податоци, побрзо и попредвидливо издавање дозволи и финансиски алатки што помагаат да се привлечат приватни инвестиции во високоризичен, но стратешки важен дел од вредносниот синџир“, изјави потпретседателката на Европската инвестициска банка, Никола Беер.

    Додека Европа засилено го крати периодот за издавање на дозволи за рударски проекти и повикува на привлекување на инвестиции, во Македонија има само една сериозна најава за рударски проект. Станува збор за рудникот за бакар во Иловица.

    Сепак, оваа инвестиција се уште не е реализирана, иако се изминати повеќе од 22 години од дозволата за детални геолошки истражувања на локалитетот, издадена во 2004 година. Податоците од истражувањата покажаа дека е возможна експлоатација на 10 милиони тони годишно. Тестирањата потврдиле искористување на 84 отсто за бакарот. Просечното годишно производство би било 16 илјади тони бакар, а во предфизибилити студијата биле утврдени 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда. Во 225 милиони тони руда се проценува присуство на 410 илјади тони бакар. Животниот век на рудникот е предвиден да трае 23 години.

    Инаку, студијата на ЕИБ дава препораки и за тоа како да се овозможи одговорно истражување, да се спроведе и промовира Законот за критични суровини, да се зајакне геолошката наука, да се мобилизира капиталот за истражување и да се изгради посилен екосистем за рударски иновации и употреба на модерните технологии.

    „Студијата идентификува и неколку пречки што го ограничуваат истражувањето во ЕУ: сложени и фрагментирани системи за дозволи, долги периоди на одобрување, ограничена јавна свест зошто критичните суровини се важни, нецелосно или застарено геолошко мапирање, премалку мали компании за истражување способни да преземат ризик во рана фаза и недоволни финансиски стимулации за проекти во рана фаза“, наведува ЕИБ.

    Како што се додава, без истражување, не може да има нови рудници, односно нова домашна понуда и силен тек на проекти за подоцнежни инвестиции. Според студијата, најголемиот ризик е што само околу еден од 10.000 рани потенцијални истражувачки проекти и еден од 1.000 понапредни истражувачки проекти на крајот стануваат оперативни рудници.

    Директивата за критични суровини на ЕУ поставува цел за најмалку 10% од годишната потрошувачка на стратешки суровини во ЕУ да доаѓа од домашен ископ до 2030 година. Тековните трошоци за истражување на минерали во ЕУ се проценуваат на околу 0,2 милијарди евра годишно, а за да се помогне во исполнувањето на целите на ЕУ, ЕИБ проценува дека сумата би требало да се зголеми десеткратно, на околу 2 милијарди евра годишно во текот на следните пет години. Ова би ги поставило трошоците на ЕУ за истражување над моменталните трошоци на Канада и Австралија, две од водечките светски сили во рударството.

    Прочитај повеќе

    Од 1 септември промени во правилата за паркинг на аеродромот во Скопје

    26.08.2026 во 22:45

    ТОП10 најбогати пратеници во Македонија – двајца се веќе милионери

    26.08.2026 во 22:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.