Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Едниот му го чистел патот, другиот превезувал 65 кила марихуана: Детали за вчерашната акција кај Градско

    Едниот му го чистел патот, другиот превезувал 65 кила марихуана: Детали за вчерашната акција кај Градско

    05.04.2026 во 10:552 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Велес покрена истражна постапка против две лица кои се осомничени за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“, откако биле фатени при транспорт на голема количина марихуана.

    Според информациите од Обвинителството, осомничените заеднички транспортирале околу 65 килограми марихуана. Нивната рута била пресретната на наплатната рампа „Стоби“, во близина на Градско.

    Првиот осомничен, 38-годишен скопјанец, управувал автомобил со скопски регистарски ознаки во кој ја пренесувал дрогата, спакувана во четири големи црни патни торби. За транспортот да помине непречено, бил ангажиран и втор осомничен – 55-годишен жител на Кавадарци. Тој имал улога на „чистач“, односно со друго возило се движел како претходница со задача да го предупреди скопјанецот за евентуални полициски контроли на патот.

    Сепак, планот им пропаднал на наплатната рампа „Стоби“. Полициските службеници забележале сомнително движење на автомобилот во кој била дрогата. Кога му дале знак на возачот да застане за легитимирање, 38-годишникот со голема брзина го пробил пунктот и се дал во бегство кон Градско. Полицијата веднаш тргнала во потера по него, по што успеале да го стигнат. При прегледот на возилото, биле пронајдени четирите торби полни со марихуана.

    Јавниот обвинител веќе доставил предлог до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес за определување мерка притвор за првиот осомничен.

    Прочитај повеќе

    Пукање на универзитет, шест деца меѓу повредените во Талахаси

    26.10.2026 во 09:37

    Министер за меѓународни партнерства и странски инвестиции Зулфикар Зејнула во прва официјална посета на Турција: Средба со министерот за надворешни работи Хакан Фидан

    25.10.2026 во 12:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.