Еден симптом на ковид-19 најчесто се појавува кај вакцинираните

Научна студија покажа дека еден симптом на коронавирусот се јавува почесто кај оние кои се вакцинирани против ковид-19.

Луѓето кои биле вакцинирани против ковид-19, а потоа се заразиле со вирусот, поверојатно е да пријават кивање како еден од симптомите, според студијата спроведена во Велика Британија, од времето на „ZOE Covid Symptom“, т.е. апликации преку кои инфицираните лица пријавуваат симптоми.

Најчестите симптоми се треска, постојана кашлица, додека сега губењето на чувството за вкус и мирис е нешто поретко, што порано беше релативно чест симптом.

Сепак, сега се покажа дека кивањето е симптом кој е почест кај вакцинираните лица, а овие податоци ги објави и Кралскиот колеџ во Лондон, кој обезбедува податоци од апликацијата „ZOE Covid Symptom“.

Ова е истражување кое сѐ уште трае, така што информациите сѐ уште не се официјално потврдени. Покрај кивањето, вакцинираните пријавиле главоболка, течење на носот и болка во грлото како симптоми на коронавирусот.

– Општо земено, слични симптоми на ковид-19 пријавуваат и вакцинирани и невакцинирани луѓе. Меѓутоа, во последно време, вакцинираните луѓе пријавиле многу помалку симптоми, што значи дека тие или се помалку болни или закрепнуваат побрзо – велат научниците.

Вакцинираните луѓе сѐ уште можат да бидат заразени со вирусот ковид-19, но тие генерално имаат далеку поблаги симптоми од невакцинираните луѓе, бидејќи вакцината штити од компликации и смрт.

30.07.2021 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега