Околу 100 за секој месец ќе ве чини откупот на стаж по најавените измени кои веќе се во владина процедура. Како што вчера објасни министерот за социјална политика Ѓоко Велковски во 360, граѓаните на кои им фали најмногу до 2 години стаж ќе треба да ги платат придонесите за пензиско врз основа на пресметка во која се зема половина од просечната плата исплатена минатата година.
Ако се има предвид дека ланската просечна плата надмина 45.000 денари, придонесите за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од речи си 19% би надминале 12.000 денари. Половина од тоа е нешто над 6.000 денари.
Па така, секој месец стаж кој ви недостига до 2 години би ве чинел малку повеќе од 100 евра. Оние на кои им недостигат цели две години би платиле околу 2.500 евра и би добиле можност да го остварат правото на пензија.
- ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
- Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
- Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
- И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
- Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
- Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
- Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
- Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска

