Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дурмиши: За две години спроведовме реформи што носат повеќе инвестиции,нови работни места и подобар животен стандард

    Дурмиши: За две години спроведовме реформи што носат повеќе инвестиции,нови работни места и подобар животен стандард

    30.06.2026 во 12:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на денешната прес-конференција по повод две години од работата на ресорот ги презентираше клучните економски резултати, реализираните реформи и мерките за заштита на животниот стандард. Тој потенцираше дека во фокусот на министерството во изминатиот период биле вработувањето, поддршката на бизнисот и новите инвестиции.

    Дурмиши посочи дека наместо политички оценки, приоритет на прес-конференцијата се конкретните бројки.

    „Денес не сум тука да зборувам за политички оценки. Тука сум да зборувам за резултатите. Во изминатите две години реализиравме политики кои имаат директно влијание врз граѓаните, компаниите и економскиот развој на државата“, истакна министерот Дурмиши.

    Како одговор на глобалните кризи, пазарот беше стабилизиран преку кошнички и ограничување на маржите. На полето на пазарот на труд, успешно се спроведени оперативните планови за вработување за 2024, 2025 и 2026 година. За тековната 2026 година, преку буџетот се обезбедени 2,41 милијарди денари за поддршка и обуки на 10.352 граѓани.

    Направени се измени во повеќе од 20 закони во областа на трудот, рестартиран е Економско-социјалниот совет, а прагот за репрезентативност на синдикатите е скратен од 10 на 5 отсто. Во рамки на Реформската агенда оптимизирани се 28 парафискални давачки, а мапирани се и 100 административни постапки за дигитализација.

    Дополнително, за финансиска поддршка на инвестициите годинава се издвоени 1 милијарда и 230 милиони денари. Како успешен пример беше наведена ТИРЗ Тетово, каде е најавена и нова инвестиција на компанијата „CAVO Otomotiv“ вредна 21 милиони евра, која ќе донесе 550 нови работни места.

    На крајот, министерот порача дека реформите продолжуваат со цел градење поотпорно стопанство.

    „Свесни сме дека остануваат бројни предизвици, но уверен сум дека реформите што ги започнавме се цврста основа за поконкурентна, поиновативна и поотпорна економија. Продолжуваме со истата цел – повеќе инвестиции, повеќе работни места, посилни компании и подобар животен стандард за секој граѓанин“, порача министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте

    20.10.2026 во 21:42

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.