Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дурмиши од Баку: Северна Македонија е производствена и извозна платформа за европските и регионалните пазари

    Дурмиши од Баку: Северна Македонија е производствена и извозна платформа за европските и регионалните пазари

    25.09.2026 во 12:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши учествуваше на Вториот Азербејџански меѓународен инвестициски форум – AIIF 2026, на панелот „Rebuilding Trust in a Fragmented World: Azerbaijan as a Strategic Gateway Between Regions“.

    Дурмиши истакна дека во услови на глобална економска и геополитичка неизвесност, Северна Македонија го гради економскиот раст преку инвестиции, структурни реформи, енергетска сигурност и продлабочување на регионалната и европската интеграција. „Во време на глобална неизвесност не треба да се повлекуваме од инвестицискиот циклус. Напротив, треба да продолжиме со инвестиции во инфраструктурата, енергетиката, дигитализацијата, човечкиот капитал и производствените капацитети“, порача Дурмиши.

    Тој пред инвеститорите ги истакна географската положба на земјата на Коридорите 8 и 10, индустриските зони, развиената автомобилска индустрија и пристапот до повеќе од 650 милиони потрошувачи преку трговските договори.

    „Не гледајте на Северна Македонија само како на мал домашен пазар. Гледајте на неа како на производствена, извозна и регионална платформа“, истакна министерот. Дурмиши нагласи дека приоритет на Владата е привлекување инвестиции со повисока додадена вредност, кои носат нови технологии и знаење, отвораат подобро платени работни места и ги поврзуваат домашните компании со глобалните синџири на вредност.

    Во однос на економските движења, министерот посочи дека економијата во вториот квартал од 2026 година оствари раст од 4,3 отсто, што, како што истакна, е дополнителен сигнал за отпорноста и потенцијалот на македонската економија.

    Прочитај повеќе

    Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%

    06.10.2026 во 12:15

    Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период

    06.10.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.