Дурловски: Културното наследство на Охрид во УНЕСКО, приоритет на ВМРО-ДПМНЕ

Игор Дурловски, носител на изборната единица 5 во своето обраќање посочи дека мал број на држави во светот ја имаат привилегијата да поседуваат непроценливо богатство како охридскиот регион кој е статусот на светско наследство го има стекнато и како природна и како културна вредност.

Задржувањето на статусот на светско наследство на листата на УНЕСКО мора да биде наш приоритет. Време е со темелен пристап, а не со формалности и декларации да се справиме со овој предизвик. Во таа насока со добра волја, посветеност и знаење, наша цел ќе биде доследна имплементација на препораките на реактивните мисии на УНЕСКО. Ќе ја подигнеме нашата стручност и професионалност и нема да дозволиме импровизации во примената на највисоките стручни стандарди во заштита на нашите културно наследство. Но, ќе направиме баланс и со одржливиот развој. Ќе настојуваме да ги отстраниме сите закани кои влијаат на исклучителните вредности на охридскиот регион без да ја загрозиме развојната туристичка и економска компонента на охридскиот регион, Дурловски.

Дурловски во своето обраќање рече дека она што можам да го вети е дека со Охрид ќе се управува демократски и преку дијалог со локалните заедници и сите засегнати страни, а во граѓанските организации кој во изминатиов период беа ревносни чувари на охридското богатство ќе се гледа како на конструктивен партнер во сите политики кој ќе се спроведуваат во охридскиот регион на централно и на локално ниво.

Цврсто ќе се заложам, вредно и посветено ќе работам и ќе придонесам. Ќе го негуваме и пренесуваме нашето културно наследство, нашите обичаи и традиции кои во охридскиот регион ги има во изобилство. Силно ќе ги промовираме нашите богати археолошки локалитети зошто во нивните слоеви е нашиот идентитет. Биографските записи на Македонија, а културниот туризам ќе биде развоен двигател на македонската економија, додаде Дурловски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.06.2020 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега