Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива во Тетово за заштита на Рамковниот договор

    ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива во Тетово за заштита на Рамковниот договор

    08.07.2026 во 15:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во сабота започнува граѓанска иницијатива за заштита на Охридскиот мировен договор, соопштија денеска од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Поводот за собирот е последната одлука на Уставниот суд за укинување на имињата на улиците во Тетово, кои важеа цели две децении.

    Од партијата посочуваат дека незадоволството на граѓаните е многу пошироко бидејќи постепено се намалуваат правата што произлегуваат од Охридскиот договор.

    „Тетово ќе биде местото каде што илјадници граѓани ќе се соберат на мирен и достоинствен протест за да го одбранат уставниот поредок, правната сигурност и вредностите што веќе 25 години обезбедуваат мир, стабилност и добри меѓуетнички односи во Република Северна Македонија“, се вели во соопштението од ДУИ.

    Од ДУИ потенцираат дека Советот на Општина Тетово своевремено ја донел одлуката со законско двојно мнозинство, но дека актуелната локална власт воопшто не ја бранела пред Судот.

    „Во текот на постапката, Судот побара дополнителни информации и документи од Општина Тетово. Општината не одговори и не ја бранеше својата одлука. Таквиот однос има сериозни последици и некој треба да понесе одговорност.“

    Според партијата, овој чекор на Уставниот суд создава опасен преседан за правната сигурност на државата, особено пред претстојното одлучување за Законот за употреба на јазиците.

    „Саботниот протест е повик до институциите да постапуваат одговорно, да го почитуваат Уставот и да го зачуваат Охридскиот рамковен договор како основа за соживот и за европската иднина на државата. Ги повикуваме сите граѓани кои ги поддржуваат овие вредности да ни се придружат мирно, достоинствено и одговорно“, се додава во соопштението.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.