Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Владата со униформи само на македонски јазик ја потврдува дискриминаторската политика кон Албанците

    ДУИ: Владата со униформи само на македонски јазик ја потврдува дискриминаторската политика кон Албанците

    24.09.2025 во 10:462 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Демократската унија за интеграција изразува најдлабоко негодување за фактот што, со последната одлука за еднојазични полициски униформи, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска и исклучувачка политика кон Албанците. Ова не е само политичка одлука заснована на дискриминација, туку пред сè флагрантно кршење на Уставот, Законот за употреба на јазиците и Охридскиот договор.

    „ВЛЕН ги манипулира граѓаните и се обидува да купи време пред избори, тврдејќи дека албанскиот јазик ќе се користи на полициските униформи. Но тоа не се осмелува да му го каже на својот патрон во Владата. Тие немаат храброст да го одбранат ни она што Албанците го имаат загарантирано со закон и Устав.

    Законот за употреба на албанскиот јазик е јасен: двојазичноста е законска обврска, не само на беџовите, туку на секоја буква и на секој знак на полициските униформи. ДУИ остави закон, подзаконски акти и јасна правна инфраструктура. Актуелната Влада нема ниту капацитет ниту волја да ги спроведе процесите предвидени со закон, но барем е обврзана да го зачува она што е постигнато.

    Актуелната Влада не се грижи за законот и правилата. За нив е поважно да ја наметнат опасната логика „Македонија на Македонците“, без почитување ниту на Уставот, ниту на законите, ниту на правилниците. Тие се гледаат себеси како сама држава, спроведувајќи идеолошка платформа што вештачки создава внатрешни и надворешни непријатели. Во таа функција ги имаат инструментализирано и институциите кои треба да бидат независни, вклучително и Уставниот суд, кој е претворен во параполитички орган.

    Кога законот бара двојазичност, а Владата наметнува еднојазичност, тоа е доказ за заробена држава од исклучувачка идеологија. Сервилното молчење на албанските партии на власт само уште повеќе го засилува овој срам, бидејќи во име на тесни политички интереси тие прифаќаат да газат врз достоинството на Албанците“, велат од ДУИ.

    ДУИ јасно порачува: Албанците нема да прифатат такви понижувања. Бараме итно повлекување на дискриминаторската одлука и почитување на законот со употреба на албанскиот јазик согласно законските одредби.

    Достоинството не се купува и не се продава. Оваа срамна одлука ќе падне, затоа што Албанците ќе го одбранат законот и еднаквоста.

    Прочитај повеќе

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17

    Цаневска-Арсовска до Ѓеорѓиевски: Каде завршија ветувањата за чисто Скопје и кој ги одобрува спорните директорски функции?

    09.06.2026 во 14:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.