Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
    • Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
    • Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Софија
    • Филипче: Земјоделците се оставени сами – откупните цени се понижувачки
    • Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Ратко Младиќ е злосторник – ВЛЕН се крие

    ДУИ: Ратко Младиќ е злосторник – ВЛЕН се крие

    29.08.2026 во 11:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ДУИ ја обвини коалицијата ВЛЕН дека како дел од Владата носи политичка одговорност за постапките и ставовите на своите коалициски партнери, откако во јавноста се појавија реакции за величење на Ратко Младиќ, правосилно осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.

    Од партијата велат дека Младиќ не може да биде предмет на релативизирање или различни историски толкувања, посочувајќи дека е осуден и за геноцидот во Сребреница.

    „Ратко Младиќ не е фигура за дебата или историска интерпретација. Тој е осуден воен злосторник со доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства“, наведуваат од ДУИ.

    Во реакцијата посебно го споменуваат вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и неговите ставови поврзани со Сребреница, оценувајќи дека станува збор за поширок политички однос, а не за изолиран случај.

    Од ДУИ го критикуваат ВЛЕН дека реагира само откако во јавноста ќе се отвори одредено прашање, наместо, како дел од владејачката коалиција, да преземе политичка одговорност.

    „И што прави ВЛЕН? Се однесува како да е невладина организација или опозициска партија“, велат од ДУИ.

    Партијата случајот го поврзува и со односите на актуелната власт со политички структури од Србија и Република Српска. Го споменуваат и Милорад Додик, како и економските и енергетските партнерства со Србија, меѓу кои Алта банка, договорите во енергетиката и проектите за гасификација.

    Според ДУИ, реакциите на ВЛЕН не се доволни сè додека коалицијата останува дел од истата Влада.

    „ВЛЕН повеќе не може да се крие зад реакција на Фејсбук. Молкот пред величењето на геноцидот е толеранција, а толеранцијата во власта е соодговорност“, се наведува во соопштението.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31

    Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

    19.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.