Close Menu
Press24
    Најново

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Јавен тендер во „Бардовци“ завршил кај роднина на директорот

    ДУИ: Јавен тендер во „Бардовци“ завршил кај роднина на директорот

    26.08.2026 во 10:212 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Уште еден скандал излегува на површина под власта на „Вреди“: тендерот во Психијатриската болница „Бардовци“, во вредност до 42 илјади евра годишно, завршил кај компанија во сопственост на братучедот на директорот на болницата. Според објавените информации, сопственикот на „Индиго Инц“ ДООЕЛ Скопје, Бесим Авдулаи, е братучед на директорот Иса Авдулаи. Самиот директор ја потврдил семејната поврзаност, признавајќи дека станува збор за втор или трет братучед, се вели во соопштението од ДУИ.

    -Станува збор за сериозен тендер: одржување на безбедносните системи, лиценци за 300 е-поштенски сандачиња, мониторинг на 300 компјутери или сервери, firewall од нова генерација и други ИТ-услуги. Максималната вредност на договорот достигнува 2,59 милиони денари, односно околу 42 илјади евра. Директорот тврди дека тендерот е законски бидејќи не бил дел од комисијата за избор. Но, тоа не одговара на клучното прашање: дали е соодветно проверен и третиран можниот судир на интереси кога добитник на тендерот е братучед на директорот?, велат ДУИ.

    ДУИ бара итни одговори од Државната комисија за спречување на корупцијата, Бирото за јавни набавки и надлежните институции. Да се провери целата постапка, понудите, критериумите, учесниците и секоја околност која можела да влијае врз изборот на компанијата.

    -„Вреди“ не може постојано да се крие зад изјавата „сè е законски“. Законитоста треба да се докаже, а не само да се прогласува. Кога јавен тендер завршува кај роднина на раководителот на институцијата, јавноста има право да бара одговори. Јавните пари не се приватна сопственост, а државните тендери не смеат да се претвораат во механизам за фаворизирање на роднини. Ако сè е чисто, нека се објават документите и нека се докаже тоа пред граѓаните. ДУИ бара целосна транспарентност и конкретен одговор: има или нема судир на интереси во тендерот на „Бардовци“?, велат тие.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.