ДУИ: Именувањето на Шекеринска е голем успех за Македонија

 


Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) упатува најискрени честитки до г-ѓа Радмила Шекеринска по повод нејзиното именување за Заменик генерален секретар на НАТО.

„Ова е голем успех не само за г-ѓа Шекеринска, туку и за Република Северна Македонија, која преку ова именување ја потврдува својата посветеност на евроатлантските вредности и стандарди.

Како партија која отсекогаш го поддржувала евроатлантскиот пат на нашата држава, оваа значајна постигнување го гледаме како признание за заедничките напори на сите граѓани на Северна Македонија.

Г-ѓа Шекеринска е одличен пример за професионализам и посветеност, и уверени сме дека ќе ја претставува нашата земја достоинствено на оваа висока функција“, стои во честитката од ДУИ.

20.11.2024 - 10:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега