Пожарникарите спречија експлозија на плинска боца во Велес

 


Во Територијалната Противпожарна Единица Велес, вчера попладне во 15:56 часот била примена дојава за запалена плинска боца во село Отовица.

- Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно противпожарно  возило и 3 пожарникари спасители. Благодарение на брзото пристигнување и брзата интервенција на пожарникарите  не е дозволено боцата да експлодира и направи поголема штета, информираа денеска од ТППЕ Велес.

Воедно апелираат до населението доколку  забележат  пожар, веднаш да се  јават и да пријават  на бесплатниот телефонски број 193 или 112. 

20.11.2024 - 12:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега