Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: „Албанските деца не се ученици од втор ред“

    ДУИ: „Албанските деца не се ученици од втор ред“

    01.09.2026 во 10:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Демократската унија за интеграција реагира на договорот меѓу Министерството за образование и Општина Бутел во врска со уписот на албански ученици во ООУ „Петар Здравковски – Пенко“.

    Од партијата велат дека според објавените информации, учениците од Чаир кои живеат во близина на училиштето ќе можат да се запишат во прво одделение доколку имаат брат или сестра кои веќе се ученици во училиштето. Во исто време, според ДУИ, со договорот не се предвидува отворање нова паралелка на албански јазик.

    Од ДУИ сметаат дека ваквиот пристап го ограничува пристапот до образование на мајчин јазик и поставуваат прашање зошто уписот би зависел од тоа дали детето има член од семејството кој веќе учи во училиштето.

    Партијата бара од Министерството за образование и Општина Бутел да ги објават податоците за бројот на деца кои побарале упис на албански јазик, како и критериумите според кои е донесена одлуката за упис.

    Дополнително, ДУИ бара да се гарантира уписот на сите ученици кои ги исполнуваат законските услови и да се овозможи формирање паралелка на албански јазик доколку бројот на заинтересирани ученици е доволен.

    Од партијата нагласуваат дека образованието е право, а не привилегија и оти институциите треба да обезбедат еднаков пристап до образование за сите деца.

    ДУИ наведува дека доколку има 25 или повеќе ученици кои сакаат да следат настава на албански јазик, очекува да биде отворена соодветна паралелка.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.