ДУИ тврди дека 105 ученици Албанци аплицирале за упис во средното полициско училиште, но ниту еден од нив не бил примен, оценувајќи дека станува збор за сериозна дискриминација и нарушување на принципот на правична застапеност.
Од партијата бараат Министерството за внатрешни работи и Владата да објаснат според кои критериуми бил извршен изборот на кандидатите и како е можно, како што велат, од 105 пријавени Албанци да не биде примен ниту еден.
ДУИ оценува дека ваквиот исход испраќа лоша порака и дополнително ја нарушува довербата на албанската заедница во државните институции.
Од партијата најавуваат дека ќе бараат целосна транспарентност за процесот на селекција, вклучително и објавување на бројот на кандидати по етничка припадност, освоените бодови и конечната ранг-листа.
ДУИ бара случајот да биде преиспитан и надлежните институции да утврдат дали при приемот биле почитувани законските процедури и принципите на еднаква застапеност.
Од МВР засега нема реакција на обвинувањата на ДУИ.


