Извршниот директор на аеродромите во Дубаи, Пол Грифитс, денес изјави дека операциите постепено се зголемуваат откако Обединетите Арапски Емирати ги укинаа сите ограничувања за летови воведени од почетокот на американско-израелската војна против Иран.
Од крајот на февруари, Меѓународниот аеродром во Дубаи и Дубаи Ворлд Централ безбедно превезоа повеќе од шест милиони патници, над 32.000 летови и повеќе од 213.000 тони клучен товар, рече Грифитс во порака на LinkedIn, пренесува Ал Џезира.
- Побарувачката за патување низ Дубаи останува висока и… системот е добро позициониран за постепено зголемување на капацитетот и поддршка на авиокомпаниите и патниците во текот на периодот на понатамошно прилагодување – додаде тој.
По избувнувањето на војната со Иран, Техеран одговори со напади врз цивилната инфраструктура низ Персискиот Залив, вклучувајќи аеродроми, енергетски објекти и пристаништа, според катарската телевизија.
Обединетите Арапски Емирати, кои ги нормализираа односите со Израел во 2020 година, беа меѓу најтешко погодените од ракетни и беспилотни летала напади.


