По невообичаено ладниот бран кој за време на првомајските празници донесе снег и минусни температури, Македонија се подготвува за голем пресврт. Според метеорологот Славчо Попоски, во текот на новата седмица не очекува продор на значително потопла воздушна маса од југ.

Промената ќе се почувствува веќе од вторник, кога температурите нагло ќе почнат да растат, оставајќи ги зад себе утринските мразеви кои направија штети врз овошките.

„Веќе особено од вторник 5 Мај па во деновите потоа температурите во Македонија речиси насекаде ќе се искачуваат и ќе надминуваат 20 степени а во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија температурите ќе надминуваат 25 степени“, вели Попоски.

За претстојниот викенд на 9 и 10 мај, метеорологот прогнозира вистински летни температури кои ќе достигнат до 30 степени.

Покрај дневните, значително ќе пораснат и минималните утрински температури, со што целосно ќе исчезне опасноста од слана. Сепак, Попоски упатува и предупредување за здравјето на граѓаните поради брзата промена на годишните времиња.

„Да напоменам дека поради наглото и големо затоплување на времето и тоа од зимски на летни температури на воздухот, ова особено негативно ќе се одрази врз метеопатите каде поради наглите и големи температурни разлики можни се поголеми здравствени проблеми“, додава тој.

Exit mobile version