Цената на суровата нафта „Брент“ се искачи над 95 долари за барел, додека американската сурова нафта ги премина 90 долари за барел по новите меѓусебни напади меѓу САД и Иран.

По дводневен раст, цените на нафтата се искачија на највисокото ниво во изминатите шест недели, објави „Трејдинг економикс“.

Трговците во моментов ги проценуваат зголемените ризици за снабдувањето од Блискиот Исток, но ги земаат предвид и знаците дека нафтата сѐ уште непречено стигнува до светскиот пазар.

Американските сили извршија нови напади врз Иран, додека Вашингтон упати закани за уште помоќни удари. Иранските медиуми објавија дека целите биле лоцирани во близина на Ормускиот теснец, а Техеран соопшти дека таргетирал американски позиции во Бахреин, Јордан, Кувајт и Ирак. Ваквите дејствија, кои се први од ваков обем за речиси еден месец, дополнително ги комплицираат напорите за прекин на конфликтот.

Во текот на денот „Брент“ достигна вредност од 97,04 долари за барел, што е највисока цена од 24 јули, додека WTI се искачи на 92,29 долари. Подоцна цените забележаа пад по информациите за обемот на транспорт низ клучните рути.

Министерот за енергетика на САД, Крис Рајт, изјави дека 17 милиони барели нафта поминале низ Ормускиот теснец во понеделник, што е најголем дневен обем од почетокот на војната.

Податоците од „Кеплер“ покажуваат дека четири товарни бродови поминале низ Ормускиот теснец во вторник, во споредба со 10 бродови претходниот ден.

Exit mobile version