Вчера во 13:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар- с.Градец, во с.Врапчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со чешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Р.(50) од с.Врапчиште, гостиварско и патничко возило „шкода“ со хрватски регистарски ознаки, управувано од А.И.(30) од с.Врапчиште, гостиварско, кои по инерција удриле во двајца пешаци Ј.Р.(26) и Ф.А.(22), двајцата од с.Врапчиште, гостиварско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ј.Р., додека Ф.А. со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Гостивар. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
- Од Лондон до Даблин: Муцунски во серија дипломатски посети, фокус на трговијата и извозот
- Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме
- Гледал ТВ па фатил автобус и ги запалил возилата кај Бугарска амбасада – Го има Путин истетовирано на стомакот
- Ќе нема струја до 15 часот – Прекини на електричната енергија низ Скопје
- Над 400 нови работни места – Мицкоски ќе претстави нова инвестиција
- Институциите и младите обединети против насилството – Потпишување Декларација во Скопје
- Предлозите за статусот на судските и обвинителските службеници пред Собранието
- Денеска сонце и 34 степени, па невреме – УХМР со метео предупредување за утре


