Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против И.Т.(38) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
Според пријавеното, на 03.06.2026 година, пред станбена зграда во Гостивар, пријавената физички нападнала малолетник.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна постапка.

