Драма во Драчево: Скопјанец нападнал продавачка и украл производи, па се соблекол гол

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Р.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба“ и „полово вознемирување“.

На 19.07.2024 во продажен објект во Драчево во Скопје, пријавениот физички ја нападнал вработената и одзел производи, по што го напуштил местото. Набргу се вратил без облека и ја повикал за да ги плати производите.

Веднаш по настанот тој бил фатен и лишен од слобода.

25.07.2024 - 16:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега