ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.Ш.(40) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „помагање“ во врска со „фалсификување исправа“, против Д.Л.(33) од Скопје за „злоупотреба на лични податоци“ и „фалсификување исправа“ и против Б.З.(45) од Скопје за „фалсификување исправа“.
Во септември 2025 година, првопријавениот без согласност на неговата мајка и уште едно лице ги искористил нивните лични податоци од лична карта и патна исправа и му ги предал на второпријавениот, кој без согласност, ги искористил нивните лични податоци во постапка за кандидирање на членови на Советот на општина Богданци пред општинска изборна комисија Богданци, а го фалсификувал и потписот на лицата.
Така направените лажни јавни исправи, од третопријавениот Б.З. од Скопје на 13.09.2025 во Богданци биле предадени на членови на општинска изборна комисија Богданци, а со цел поднесување на листа за кандидати за членови на советот на општина Богданци.
- Земјотрес од 4,7 степени во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
- Претрес во Берово: Скопјанец криел ловечка пушка, муниција и пиротехника
- В недела избегнувајте да влегувате во возило: Посебен сообраќаен режим во Скопје поради трка
- Јавното обвинителство поднесе обвинение за Стафа кој со 50.00 евра требаше да го ,,извади” Ѓаволот од притвор
- СПМ: Бараме неселективна правда и крај на партиското етикетирање во актуелните случаи
- Сиљановска-Давкова го честиташе Рамазан Бајрам: Со сплотеност и почит да градиме здраво општество и просперитетна татковина
- Нафтата под притисок, златото расте, изјавите на Нетанјаху и Трамп го смируваат пазарот
- Македонците живеат пет години помалку од Европејците: Жените и натаму со подолг животен век од мажите


