Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Ловочуварот го затекнал со усмртено животно за време на ловостој: Приведен 56-годишен неготинец

    25.08.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Драма пред самитот во Тиват: БИА го советуваше Вучиќ да не патува во Црна Гора поради висок безбедносен ризик

    Драма пред самитот во Тиват: БИА го советуваше Вучиќ да не патува во Црна Гора поради висок безбедносен ризик

    04.06.2026 во 09:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Безбедносната и информативна агенција на Србија (БИА) доцна синоќа соопшти дека официјално го советувала претседателот на државата, Александар Вучиќ, да не патува во Црна Гора, „бидејќи е утврдено постоење висок безбедносен ризик“.

    Како што е наведено во официјалното соопштение на српската служба, ваквиот вонреден совет е даден „поради непријателско дејствување на странски служби и криминални кланови во Црна Гора“.

    „Според нашите оперативни сознанија, водачот на кавачкиот клан, Радоје Звицер, се наоѓа во Црна Гора, и спротивно на сите правила на професијата и одговорниот однос, безбедносната проценка, која беше побарана неколкупати од службата домаќин на состанокот во Црна Гора, не ни беше доставена“, објави БИА.

    И покрај ваквите сериозни предупредувања, претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, потврди дека Вучиќ е дециден во намерата да учествува на претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан во Тиват.

    „Претседателот дури и не сака да чуе за откажување на патувањето во Црна Гора. Тоа е нешто што вети дека ќе го направи“, изјави Брнабиќ за ТВ Информер.

    Реакцијата на српската БИА следува откако на 87 мажи кои пристигнаа од Белград со чартер лет не им беше дозволен влез во Црна Гора со образложение дека претставуваат „безбедносен ризик“, додека таму медиумите ги опишаа како неформално обезбедување на српскиот претседател.

    Од друга страна, Министерството за надворешни работи на Црна Гора уверува дека се преземени сите мерки за непречено одржување на овој важен меѓународен собир во Тиват.

    „Низ својата историја, Црна Гора е призната како гостопримлива земја, каде што искрено се радуваме на секој добронамерен гостин… Како одговорна и кредибилна членка на НАТО, Црна Гора гарантира безбеден, сигурен и пријатен престој на сите свои гости“, напиша црногорското министерство на социјалната мрежа X.

    Инаку, Радоје Звицер се смета за еден од лидерите на Кавачкиот клан и се наоѓа на листата на 50-те најбарани европски бегалци, а нему му се губи секоја трага уште од 2020 година по неговото ранување во Киев.

    Тензиите меѓу двете земји дополнително се заострија во мај по апсењето на белградскиот полициски началник, а регионалните медиуми веќе јавуваат и за километарски колони на граничните премини Гостун, Јабука и Граченовац поради наводна забрана за влез на црногорски државјани во Србија.

    Прочитај повеќе

    Топлотен бран во Грција: Во Атика и навечер над 30 степени

    25.08.2026 во 21:02

    Вучиќ: Кај да бегам, и затворот ми е поубав од туѓина

    25.08.2026 во 20:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.