Докторка добила отказ затоа што колегите пријавиле дека предвреме ја напуштила работата, ќе добие испратнина

 

Докторката Франциска Шлосер добила отказ затоа што нејзините колеги пријавиле дека ја напуштила болницата 28 минути порано и по 24-часовна дежурство, пренесува магазинот „Феникс“.

Го тужела својот поранешен работодавец, здравствена установа во Хамбург каде работела 23 години, а на крајот добила отпремнина од 400.000 евра.

„Не можев да дозволам обвинението да стои. Не згрешив ништо“, тврди Шлосеро, изразувајќи сомнеж дека причините за отказот се од друга природа.

Докторката беше поддржана од најголемото лекарско здружение во Германија „Марбургер Бунд“, чија директорка Катарина фон дер Хејд е и нејзин правен застапник.

„Вонредното разрешување не беше навремено доставено“, посочи таа.

Раководителот на болницата Филип Ветенгел не сакаше да се продлабочат правните постапки.

„Ми кажаа дека си заминала порано. Изјавата на сведокот ми е веродостојна. Но, не знам како беше и сакам да го завршам ова“, изјави тој пред судот.

Судот одлучи дека обвиненијата се неосновани, па се повлечени. Шлосер доби значителен отпремнински пакет, со договор да ја напушти болницата на 31 јануари.

„Голем товар падна од моето срце. Ќе се смирам малку, ќе земам воздух и ќе барам нова работа“, изјави таа во интервју за RTL.

25.01.2024 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега