Доколку сакате да бидете во публика на прославата за 8 Септември потребно е да се регистрирате на овој линк

По повод јубилејот „30 години независност“, 8 Септември - Денот на независноста, во среда во 17 часот пред Собранието на Република Северна Македонија ќе се одржи централна манифестација. 

Сценариото за настанот може да го најдете ТУКА

Настанот е со ограничен број публика поради пандемијата и здравствените протоколи кои ни попречија многу моменти на заедничко прославување. 

Сите присутни треба да поседуваат вакцинален сертификат или потврда за прележаност на коронавирусот.

„За да овозможиме безбеден настан од здравствен аспект, за сите гости е предвидено место за седење со соодветно растојание, а движење за време на настанот не е препорачано, за да не се нарушат здравствените протоколи.

Влез на настанот е овозможен само за граѓаните кои ќе се регистрираат на следниот ЛИНК.

Бројот на седишта е ограничен, а регистрацијата ќе биде затворена во моментот кога ќе се исполни бројот на слободни места. 

Регистрираните граѓани ќе добијат повратна логистичка информација околу позицијата на местото за седење и линк кој води до мапа на којашто е претставен влезот од кој се пристапува до местото за седење.

Центарот на Скопје (голем ринг) ќе биде затворен за сообраќај поради што апелираме граѓаните кои ќе се регистрираат за присуство да пристигнат пред Собранието без моторни возила.

Граѓаните треба да пристигнат пред Собранието на Република Северна Македонија најдоцна до 16:30 часот.

Граѓаните коишто сакаат да го следат настанот, а нема да имаат можност да присуствуваат, ќе можат да гледаат  директен пренос на првиот канал на Националната радио-телевизија или преку видео стрим на линкот: https://youtu.be/E--DEfh1uIE“, соопшти Владата.

07.09.2021 - 16:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега