Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тренчевска: Власта седи во удобни фотелји, се луксузира и не презема ништо
    • Мицевски до СДСМ: Зборуваме за истиот Вучиќ, оној Вучиќ со кој во Белград заедно со чаша вино пеевте српски песни
    • Тренчевска побара оставка од Стоилковиќ: Дали ќе им се извини на пратениците и граѓаните за навредите и пцуењето во Собранието
    • Мицкоски: Доделени се ваучери за инвертер клими за повеќе од 500 социјални семејства
    • (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари
    • Еболата се шири надвор од епицентарот во Конго: Бројот на жртви надмина 3.300
    • Познат генерал пронајден мртов: Застрелан во главата
    • Хорор во камп во Неос Мармарас: Чакал нападнал дете додека било во шаторот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Додиќ: Може да сметате на тоа дека Ратко Младиќ е убиен

    Додиќ: Може да сметате на тоа дека Ратко Младиќ е убиен

    27.08.2026 во 20:253 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Милорад Додик реагираше на смртта на Ратко Младиќ со тврдење дека поранешниот командант на Војската на Република Српска не добивал соодветна медицинска нега во Хаг и дека неговата смрт може да се смета за „убиство“. За ваквото тврдење засега нема докази, а Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови соопшти дека е наредена целосна истрага за околностите под кои Младиќ починал.

    Додик изјави дека задржувањето на Младиќ во притвор и покрај неговата тешка здравствена состојба било нехумано и оцени дека со подобра медицинска грижа тој можел да живее подолго.

    „Тоа е убиство“, изјави Додик во реакцијата по веста за смртта на Младиќ, додавајќи дека тој бил почитуван меѓу Србите и дека како командант, според него, „застанал во одбрана на српскиот народ“. Слична порака испрати и Воислав Шешељ, кој исто така тврдеше дека Младиќ бил „убиен“.

    Додик потсети и дека своевремено сведочел во одбраната на Младиќ пред Хашкиот трибунал и го пофали неговото однесување во текот на процесот. Во реакцијата повторно го спомена и Насер Ориќ, оценувајќи дека е неправедно што тој е на слобода, додека Младиќ ја издржувал доживотната казна.

    Младиќ почина денеска додека бил хоспитализиран во Хаг. Тој со месеци бил во болничкото одделение на притворската единица на Обединетите нации, а здравствената состојба во последниот период значително му се влошила. Судските документи од мај покажуваат дека лекарите тогаш оцениле дека се наоѓа во терминална фаза на болеста, дека претрпел мозочен удар и дека прогнозата била исклучително лоша. Независните медицински експерти наведувале и дека неговата здравствена состојба била внимателно следена и дека медицинскиот третман бил во согласност со меѓународните стандарди.

    По неговата смрт, холандските власти ги започнаа стандардните процедури и истраги предвидени со тамошното законодавство. Претседателката на Механизмот, судијката Грасиела Гати Сантана, нареди и посебна целосна истрага за околностите на смртта, која ќе ја води судијата Иан Бономи.

    Младиќ беше осуден на доживотен затвор во 2017 година за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, а пресудата беше правосилно потврдена во 2021 година. Меѓу злосторствата за кои беше осуден е геноцидот во Сребреница во 1995 година, кога беа убиени повеќе од 8.000 бошњачки мажи и момчиња, како и кампањата на терор врз цивилното население во Сараево.

    Наспроти реакциите на Додик и Шешељ, претставници на семејствата на жртвите порачаа дека смртта на Младиќ не ја менува правосилната пресуда. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, преку својот портпарол, истакна дека судски утврдените факти се конечни и повика политичките лидери да не ги негираат злосторствата ниту да ги величаат лицата осудени за геноцид и воени злосторства.

    Прочитај повеќе

    Хорор во камп во Неос Мармарас: Чакал нападнал дете додека било во шаторот

    11.09.2026 во 14:45

    Брачен пар пронајден мртов во заклучен стан – Трагедија го потресе регионот

    11.09.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.