Додик: Ниту побарав руско државјанство, а ниту го добив

 

Претседателот на босанско-херцеговскиот ентитет на РС и лидер на СНСД, по кого е распишана централна потерница, рече дека ниту побарал руско државјанство, ниту пак го добил.

Претходно се појави информација дека Милорад Додик добил руско државјанство и живеалиште, а се огласи и самиот Додик кој ги негираше овие тврдења.

„Ниту побарав државјанство на Руската Федерација, ниту го добив“, изјави Додик.

 

Додик во понеделникот на 31 март објави видео на платформата Х со порака дека моментално е во Москва, а на 9 мај повторно ќе дојде.

Од неговото враќање од Израел, каде што престојуваше минатата недела, а потоа нагло си замина бидејќи беше непожелен, не се знаеше каде се наоѓа се до синоќа кога се јави од Москва. На Додик, Радован Вишковиќ и Ненад Стевандиќ Судот на Босна и Херцеговина им одреди притвор затоа што не одговориле на поканата на Обвинителството на Босна и Херцеговина.

После тоа, Судот на БиХ побара од Интерпол да распише меѓународна потерница по Додик и Стевандиќ.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека жалбата била веднаш препратена до Интерпол бидејќи Додик и Стевандиќ се државјани на Србија.

Се уште се чека одговор од централата на Интерпол.

01.04.2025 - 18:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега