Доделени признанија на здравствени работници: Херои во 2021 година во борбата со Ковид-19

Здравствените работници ја заслужуваат најголемата почит и благодарност за хуманоста, грижата и пожртвуваноста. Во оваа борба со КОВИД-19 вие сте хероите, порача премиерот во заминување Зоран Заев на вчерашната церемонија на доделување признанија за здравствените работници, кои работат во ковид-центрите.

– Тоа се признанија што Владата ги доделува во име на народот и во име на благодарноста за тоа што вие и вашите колеги останавте до крај посветени и дадовте сè од себе за да го спасите, зачувате и подобрите здравјето на нашите граѓани, на вашите пациенти. Огромен товар падна на вашиот грб и ја заслужувате најголемата почит и благодарност за хуманоста, грижата и пожртвуваноста. Во оваа борба со КОВИД-19 вие сте хероите. Ви благодарам од имено на целиот наш народ, додаде Заев.

Тој им оддаде почит на сите кои во изминатите две години починаа од последици од КОВИД-19.

Заев истакна дека благодарение на навремените мерки и одлуки, македонскиот здравствен систем во текот на целата ковид криза функционира без застој.

Премиерот во заминување подвлече дека и во Буџетот за 2022 година здравството и здравјето на граѓаните е првиот од четирите приоритети.

30.12.2021 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега