Close Menu
    Најново

    Од Брисел во Виена: Муцунски на 32-от Министерски состанок на ОБСЕ

    03.12.2025 во 23:29

    Среќа под зимското небо: Декември 2025 како месец на нови почетоци

    03.12.2025 во 23:11

    Утре е голем празник за верниците: Воведение во храмот на Пресвета Богородица

    03.12.2025 во 22:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Од Брисел во Виена: Муцунски на 32-от Министерски состанок на ОБСЕ
    • Среќа под зимското небо: Декември 2025 како месец на нови почетоци
    • Утре е голем празник за верниците: Воведение во храмот на Пресвета Богородица
    • Мајли Сајрус потврди дека е свршена со музичарот Макс Моранд
    • Топаловски од СВР Скопје: Казните ќе се повлекуваат ако возач брзал во болница, но ќе се казни ако завршил на кафенце
    • Македонци масовно ја симнуваат апликацијата што ги открива камерите на „Сејф Сити“
    • Вицепремиерот Николоски од Брисел: Важни средби во интерес за Македонија
    • Арсовска-Манов: До крај на декември „Сејф сити“ во Куманово и Тетово
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Доделени ЕУ наградите за истражувачко новинарство

    Доделени ЕУ наградите за истражувачко новинарство

    06.11.2025 во 21:06
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Церемонијата за доделување на Наградите на Европската Унија за истражувачко новинарство 2025 се одржа во четврток, 6 ноември во Скопје на која беа наградени најдобрите стории објавени во Македонија во 2024 година. Престижната награда поддржана од Европската Унија ги препознава најдобрите истражувачки стории објавени во претходната година во земјите од Западен Балкан и во Турција, а координатор за Македонија е Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

    Церемонијата ја отвори амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, кој ја истакна посветеноста на Европската Унија во поддршката на независното новинарство и слободата на медиумите во регионот.

    „Вечерва сме тука да ги препознаеме оние што преку нивната храброст и професионализам го почитуваат правото на јавноста да знае. Се надевам дека денешните награди ќе инспирираат нови стории, нови истражувања и обновена посветеност за слобода на печатот насекаде“, рече амбасадорот Рокас.

    Претседателот на жири-комисијата Валентин Нешовски даде увид во процесот на селектирање на пристигнатите апликации и темите кои биле истражувани.

    „Од името на жирито и од името програсивната и објективната јавност која ги цени вашите напори, ви благодарам вам на новинарите кои така посветено разобличувате несоодветности, аномалии и девијации во општеството. 

    А потоа им благодарам на претставниците од Европската Унија кои го сфаќаат суштинското значење за потребата од поддржување вакви награди.

    Вакви награди се без никакава задршка – апсолутно потребни“, рече Нешовски.

    По говорите беше претставена жири-комисијата која ја сочинуваа Валентин Нешовски, Соња Колевска-Делевска и Огњен Зориќ.

    Победниците на кои сертификатите им ги доделија амбасадорот Рокас и претседателот на жири-комисијата Нешовски беа прогласени во следниот редослед:

    3. место:
    Срѓан Стојанчов и Снежана Лупевска Созен за сторијата „Досие Крмзов – Епски криминал или обид да му се одземе бизнисот“ од емисијата КОД, ТВ Телма која истражува финансиски криминал со мрежа на фирми кои испумпувале пари од државниот буџет.

    2. место:

    Сашка Цветковска, Бојан Стојановски, Александра Денковска, Трифун Ситниковски, Александар Јанев и Давид Илиевски (Истражувачка репортерска лабораторија) за сторијата „Украдени животи“ која ја открива шемата за крадење идентитети со цел подигање брзи кредити на туѓо име.

    1. место:

    Александар Димитриевски и Михаил Милошевски за сторијата „По трагите на Јулија“, која го истражува скандалот со „лажната“ диплома за англиски јазик на шефот на тајната полиција.

    По доделувањето на наградите победниците имаа можност да одржат краток говор:

    „Владеењето на правото е израз кој кај нас лесно се заборава. Се надевам дека сите стории, независно од нивниот епилог, дека оставаат порака кај сите што допрела, дека владеењето на правото не е само израз…“, рече Александар Димитриевски од 360 степени.

    „Сакам да се заблагодарам на жирито, второ на сите колеги кои работеа, а не се тука на сцената и трето за овој случај има 43 обвинети, сега случајот е во истрага, но за жал сите измамени граѓани се уште се должници во кредитно биро оти судството се уште не си ја завршило работата. Се надевам дека работат побрзо за да ги заштитат своите граѓани во иднина“, рече Александра Денковска од ИРЛ по примањето на втората награда.

    „2024 беше прилично добра година од аспект на истражувачко новинарство, може да ми текне барем на 7-8 стории кои беа одлични. Навистина сум почестен што сме во тоа друштво. Истражувањата за финансиски криминал немаат многу простор во дневното новинарство и затоа драго ми е што имав време да го сработам тоа“, рече Срѓан Стојанчов од тимот на КОД.

    За Наградата на Европската Унија за истражувачко новинарство

    ЕУ наградата за истражувачко новинарство е координирана од Томсон медија, а во Македонија имплементирана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници како дел од проектот „Зајакнување на квалитетот на вестите и независното новинарство на Западен Балкан и во Турција 2“. Проектот е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од конзорциумот составен од Балканската истражувачка репортерска мрежа – БИРН Хаб, Централно-европскиот Универзитет (ЦЕУ) – Унгарија, Асоцијацијата на новинари (АЈ) – Турција, Томсон Медија (ТМ) – Германија, Универзитетот Гоце Делчев Штип (УГД) – С. Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) – С. Македонија, Асоцијацијата на медиумите од југо-источна Европа (МАСЕ) – Црна Гора и Балканската истражувачка репортерска мрежа Косово (БИРН Косово).

    Популарно

    Ќе нема струја шест часа – ЕВН најави прекини во неколку општини

    01.12.2025 во 09:11

    Премиерот Мицкоски поради здравствени причини нема да присуствува на македонско-српскиот бизнис форум

    03.12.2025 во 09:11

    Општина Аеродром и пиша 1300 евра казна на фирмата што ја гради полициската станица во Ново Лисиче – со гуми со кал возеле по улиците

    03.12.2025 во 10:53

    Комбе прегази 2-годишно дете – избегало од рацете на баба му и излетало на улица

    03.12.2025 во 10:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.