Close Menu
Press24
    Најново

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Доделени државните награди „23 Октомври“: Јолевски, Стојков и Лилчиќ Адамс се годинешните лауреати

    Доделени државните награди „23 Октомври“: Јолевски, Стојков и Лилчиќ Адамс се годинешните лауреати

    23.10.2026 во 13:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државната награда „23 Октомври“ претставува мост меѓу македонското историско наследство и современите достигнувања во науката, културата и уметноста, истакна претседателот на Одборот за доделување на наградата и директор на Институтот за национална историја, проф. д-р Митко Панов, на свеченото доделување на државното признание за 2026 година.

    Годинава, престижната награда им припадна на актерот Ѓорѓи Јолевски во областа на културата и уметноста, како и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс во областа на науката.

    Во своето обраќање, Панов нагласи дека 23 Октомври е датум што активно ја создал македонската историска и национална траекторија, истакнувајќи дека слободата и државноста не припаѓаат само на минатото, туку се потврдуваат и денес низ работата на институциите, науката и културното творештво.

    „Постојат датуми што историјата ги бележи, но постојат и датуми што ја создаваат историјата. Датуми што стануваат симболи на слободата, достоинството и историската истрајност на народите и нациите. Дваесет и трети октомври е токму таков датум“, истакна Панов.

    Осврнувајќи се на лауреатите, Панов нагласи дека Јолевски со својата актерска кариера го направил театарот простор за духовно поврзување со публиката, Стојков со своето научно дело ја потврдил важноста на историографијата за самоспознавањето, додека Лилчиќ Адамс дал исклучителен придонес во проучувањето и заштитата на македонското културно-историско наследство.

    Во името на добитниците се обрати проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, кој порача дека Македонија поседува историски и цивилизациски континуитет што ретко која држава во светот може да го потврди.

    „Денес оружјето е заменето со културни и научни дела и резултати. Ако ни се даде зелено светло на умот, водени на развојот на културата и особено науката, Македонија има голема шанса да доживее многу поголем развој во неизвесната иднина што претстои“, порача Лилчиќ Адамс, додавајќи дека ова признание претставува и огромна обврска за понатамошно творење.

    Прочитај повеќе

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.