РКЕ донесе одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија од 01.12.2025 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,009 ден/кг, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 33,972 ден/кг.
Актуелно
- Мицкоски: Политичари растураат пердуви и креираат лажна слика за Кочани
- Мицкоски: Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија
- Драма во Охрид: Разбојник влегол дома и насилно украл паричник
- Охриѓанец пронајден починат на улица
- Трамп: Војната никогаш немаше да се случи доколку бев претседател
- МОН воведува стипендии за магистерски и докторски студии по македонски јазик – износот до 18.000 денари
- Црн биланс за новинарите: 67 убиени, 503 се во затвор – најсмртоносни региони се Газа и Мексико
- Велешанец пронајден починат

