До 13 часот најголема излезност во последните четири изборни циклуси

 

Излезноста денеска до 13 часот е најголема во последните четири изборни циклуси, покажуваат податоците од Државната изборна комисија. 

Излезноста денеска, според последните податоци е 24,9%. Парламентарните во 2020 имале слична излезност кога до 13 часот се одзвале 24,61% од гласачите. Пониска излезност имало на локалните во 2021 година, кога изнесувала 20,55% и на претседателските во 2019 година, кога излезноста била 20,05%.

24.04.2024 - 14:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега