До 13 часот гласале 439.522 граѓани

 


Според последните податоци од Државната изборна комисија, излезноста до 13 часот е над 24%, од обработени над 90% од гласачките места.

Според податоците објавени на веб сајтот на ДИК, гласале 439.522 граѓани.

Во земјава денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. Право на глас имаат 1.814.317, кои можат да изберат меѓу седум кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска, Арбен Таравари и Максим Димитревски.

24.04.2024 - 15:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега